Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот лидер, аболицираниот Зоран Заев, во серија ја лажат македонската јавност, прикриваат и поттикнуваат криминал, а тоа внесува несигурност и вознемиреност кај граѓаните. Откако Спасовски е на чело на МВР се претворивме во Дивиот Запад, она што го гледаме во криминалистичките филмови, ни се случува на улиците. Граѓаните се плашат и да помислат што ќе биде кога Спасовски би бил на чело на МВР од позиција на владејачка партија.
Новинарството во времето на СДСМ
Новинарите, снимателите, фоторепортерите и медиумите се жртви на секојдневни закани по животот и физички напади, упади во редакции, не им се дозволува да ги извршуваат работните задачи, а притоа сторителите не се гонат и не ја добиваат соодветната казна.
За нецели два месеци беше нападнат фоторепортерот на „Република“ кој беше на работна задача пред седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“, а колумнистот Никола Србов доби закани по животот од удбашот Иван Бабановски, и тоа директно во просториите на нашата реданција. Засега и двата случаи немаат соодветна завршница. Ниту се откриени напаѓачите на фоторепортерот на „Република“, иако се кријат во партискиот штаб на СДСМ, нуту, пак, Бабановски е соодветно санкциониран.
На снимателот на Сител не му беше дозволено да ја извршува својата работна задача на местото на сообраќајката на Мила Царовска од СДСМ.
Шефот на Секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи доби забрана од министерот да учествува во ТВ-интерву во емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов.
Спасовски замижува, а криминалците оро водат
Полицијата на чело со Спасовски не презеде мерки кога Хаџибулиќ се заканува преку Фејсбук, ниту пак кога телохранителот на Зоран Заев Александар Трајков претепа десетина деца во дискотека.
Полицијата на чело со Спасовски не ги заведува во билтенот прекршоците на високи членови на СДСМ, како што е сообраќајката на Мила Царовска, ниту пак дивеењето на Александар Трајков во Струмица и последно – престрелката на Партизанска. Но затоа, направи спектакл од невидени размери од полициск0-криминалната местенка на Диме Спасов.
Начинот на којшто Спасовски раководи со МВР, и тоа во време кога СДСМ не е на власт, е спроведување на полициски режим, кој ќе прозиведе полициска држава кога СДСМ ќе дојде на власт. А во држава во која полицијата е паралелна власт, наместо во служба на граѓаните многумина завршуваат изедени од темнината, многу случаи остануваат нерасветлени, а граѓаните незаштитени. Удбашки, како во мрачното време на претходниот систем.
Лаги, афери, криминал, сектакли
Оливер Спасовски и СДСМ, поддржани од медиумите под нивна контрола лажеа дека постои некаква афера со возачки дозволи. Спасовски и СДСМ поддржани од медиумите под нивна контрола лажеа за наводна афера со лични карти се додека не се откри Фабриката за афери на нивниот сопартиец Чауш.
Оливер Спасовски и СДСМ инсталираа партиски послушници и лица со дебели криминални досиеја во Алфите и на други високи позиции во МВР и резултатите веќе ги гледаме и тие се поразителни.
Граѓаните се свесни и загрижени дека нивната безбедност е препуштена на самите нив бидејќи единствениот фокус на Оливер Спасовски и СДСМ е конструирањето на афери. Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка поради манипулациите со криминално–полициската местенка на дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Граѓаните веќе немаат доверба во него. Тој не само што со денови криеше дека заменик министерот Диме Спасов бил нападнат, туку граѓаните се уверија дека лажеше дека имало снимка во која што наводно се потврдувало дека немало напад.
Спасовски рече дека постојат аудио и видеозаписи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било, но снимките што ги објави Сител покажуваат дека не било така како што кажува Спасовски. Напротив, на снимките се гледа дека лицата со дебело криминално досие кои потекнуваат од скоското село Серава, како што наведе и самиот Спасов во изјавата на ТВ Нова непосредно пред прес-конференцијата на Спасовски, го бркаат, удираат по автомобилот што го управува Спасови и се обидуваат да го отворат и да го извадат надвот заменик-министерот.
-Лицата кои го пријавија дополнителниот заменик министер Диме Спасов, цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 каде и пријавиле дека некој им го удрил возилото. Сите разговори се снимаат и се зачувани, изјави Спасовски.
Спасовски уште рече дека досега не е поднесена кривична пријава против лицата кои наводно го бркале Спасов.
Јавноста не е изненадена, но е навредена од дрскоста на Спасовски, кој и покрај тоа што навистина постојат снимки, но такви кои ја поткрепуваат приканзата на Спасов, безочно лаже и се обидува некого да прикрие. Јавноста сака да знае кого штити Спасовски на чело на полицијата која треба да ги штити граѓаните од криминалци. Дали сме безбедни во држава во која безбедноста е во криминалните раце на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)