| четврток, 6 декември 2018 |

Свазиленд забрани вештерки на метли да летаат повисоко од 150 метри

Властите во африканската држава Свазиленд усвоиле необичен Закон за авијација според кој мораат да се придржуваат и „вештерките на метли“, пренесува британски „Метро“.

Законот предвидува казна од 5.000 јужноафрикански ранди или околу 40.000 евра за вештерките што ќе летаат на метли повисоко од 150 метри. Според зборовите на иректорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Сабела Дламини, метлите спаѓале во транспортно средство потешко од воздух.

Со овој закон се регулираат и дозволената височина за детските играчки, како што се змаеви и летала со далечинско управување. Законот бил донесен откако приватен детектив бил фатен со играчка хеликоптер опремена со камера.

Во Свазиленд вештерките се сфаќаат сериозно и многу луѓе веруваат во моќта на црните магии. Голем број албино деца во изминатите години биле жртвувани во ритуални обреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top