Најмалку 38 девојчиња и млади жени загинаа, а десетици други се повредени во сообраќајна несреќа во Свазиленд, додека патувале на традиционалниот фестивал, соопшти денеска Свазилендската мрежа на солидарност.
Во соопштението од Организацијата за човекови права се наведува дека во вчерашната сообраќајна несреќа, кога се судриле камион во кој биле девојчињата и уште едно возило.
Девојчињата и девојките патувале до палатата на кралот на Свизеланд, каде се одржува годинешен танц. На осумдневниот настан секоја година учествуваат околу 40.000 девојчиња и девојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.