| четврток, 6 декември 2018 |

Каков малер за Бенфика, во последните секунди за 4 дена губи два трофеи (видео)

Португалскиот гигант Бенфика ја бие малер во финишот на сезоната, а кобни за некогашниот европски првак се последните моменти од натпреварите. Два клучни гола, клубот од Лисабон прими во судиското продолжение, а цената е прескапа и може да бидат загубени два трофеи.

Еден веќе замина, вчера против Челси во финалето на  Лигата на Европа кога Бранислав Ивановиќ им даде гол во 90. минута за победа на лондонскиот тим од 2-1.

Бенфика се доведе во подредена ситуација и во португалскиот шампионат, на сличен начин. Против Порто во саботата го загубија натпреварот со примен гол во 94. минута. Напаѓачот на Порто, Келвин ги расплака симпатизерите на Бенфика со погодок во последниот напад, за смена на врвот на едно коло пред крајот на шампионатот.

Порто има 75 бода, еден повеќе од Бенфика, екипа на која ѝ одговараше и нерешен резултат во дербито на Португалија. Вака лисабонскиот гигант е на пат да загуби два вредни трофеи за само 4 дена.

 


Golo Kelvin Porto 2-1 Benfica by antonis_tsir

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top