| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК објави детални табели за бројот на пријави за сите избирачки места во дијаспората

izbiracki-mesta

Државната изборна комисија утврди дека по завршувањето на рокот за поднесување на пријави за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии, од вкупно поднесени 21.029 пријави, 20.629 граѓани ги исполнија законските услови и нивните пријави беа прифатени.

Со оглед дека за гласање во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун се пријавиле по помалку од 10 граѓани, во овие девет дипломатско-конзуларни претставништва гласањето нема да се спроведе.

На предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 година, 20.591 граѓани своето гласачко право ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларни претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларни канцеларии, и тоа: Берн, Венеција, Детроит, Њујорк, Мелбурн, Рим, Љубљана, Виена, Торонто, Камбера, Чикаго, Берлин, Бон, Минхен, Париз, Белград, Копенхаген, Брисел, Лондон, Хаг, Стокхолм, Истанбул, Подгорица, Прага, Загреб, Осло, Тирана, Вашингтон, Анкара, Абу Даби, Отава, Приштина, Софија, Будимпешта, Сараево, Доха, Букурешт, Москва, Варшава, Пекинг и Мадрид.

Имајќи го предвид големиот број на пријавени гласачи во Берн (4256) и Венеција (2724), Државната изборна комисија одлучи во Берн да бидат отворени дополнителни три, а во Венеција дополнителни две избирачки места.

ДИК објави детални табели за бројот на пријави за сите избирачки места:

ДКП ВКУПНО
Берн 4256
Венеција 2724
Детроит 1170
Њујорк 1168
Мелбурн 1112
Рим 1078
Љубљана 938
Виена 771
Торонто 717
Камбера 696
Чикаго 695
Берлин 585
Бон 579
Минхен 542
Париз 441
Белград 392
Копенхаген 371
Брисел 284
Лондон 282
Хаг 276
Стокхолм 259
Истанбул 189
Подгорица 166
Прага 159
Загреб 123
Осло 89
Тирана 84
Вашингтон 62
Анкара 45
Абу Даби 44
Отава 40
Приштина 39
Софија 36
Будимпешта 31
Сараево 31
Доха 30
Букурешт 26
Москва 24
Варшава 14
Пекинг 13
Мадрид 10
ВКУПНО 20591

 

ДКП ВКУПНО
Токио 8
Њу Делхи 7
Атина 6
Астана 4
Каиро 4
Киев 4
Талин 4
Тел Авив 1
ВКУПНО 38

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top