Иако веќе длабоко навлезе во својата 40-та деценија живот, голманот на Јувентс, Џанлуиџи Буфон се уште брани во врвна форма. Сепак, челниците на „старата дама“ веќе полека размислуваат за негова замена, што ќе биде исклучително тешко.
– Јувентус направи многу за селекцијата на Италија. Буфон, Зоф.. Историјата на овој клуб е составена од шампиони и таленти. Отсекогаш сме имале добри голмани. Во моментов располагаме со Буфон, кој ќе брани уште неколку години. После тоа ќе размислуваме да најдеме негова замена, не нема да биде лесно да се замени Џиџи. Тоа ќе ни биде тешка задача – истакна Марота.
Буфон е член на Јувентус од 2001 година и досега настапи на вкупно 594 натпревари, а со репрезентацијата на Италија беше светски првак во 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.