| четврток, 6 декември 2018 |

ЛА Клиперс се првиот тим во НБА со десет победи (видео)

klipers

Лос Анџелес Клиперс е првиот тим во НБА лигата кој прокнижи 10 победи, откако ноќва забележа победа од 127-95 против Бруклин. Крис Пол даде 21 поен, Блејк Грифин беше автор на 20, а Џемал Крафорд постигна 17 поени.

Филаделфија продолжува да тоне и на гостувањето во Хјустон претрпе пораз од 115-88. Џејмс Харден со 33 поени (23 поени само во првата четвртина) беше прво име на средбата, аТревор Ариза додаде 17 поени.

НБА резултати:

Индијана – Орландо 88-69, Детроиот – Оклахома 104-88, Њујорк – Далас 93-77, Хјустон – Филаделфија 115-88, Њу Орлеанс – Бостон – 106-105, Сан – Антонио – Мајами 94-90, Јута – Мемфис 96-102, ЛА Клиперс – Бруклин 127-95.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top