| четврток, 6 декември 2018 |

Французите сметаат дека се арогантни, Грците дека се луѓе од доверба

Дали Французите се арогантни? Се чини дека се, особено судејќи според најновите истражувања на европските ставови во кои учествувале осум земји, Французите сами за себе кажале дека се најарогантен народ, пренесува Huffington Post.

Истражувањето опфатило 7.646 луѓе од Германија, Франција, Полска, Англија, Чешка, Грција, Италија и Шпанија. За Германците мнозинството анкетирани рекле дека се народ од доверба, освен Грците, кои таа карактеристика си ја кажуваат сами за себе, и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓаат. Анкетата покажува дека поддршката на ЕУ паднала од 60 на 45 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top