| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја тресат дронови: Скопјанец ја снимал, па се насладувал со голата комшика

Со дронови се снимаат свадби, музички спотови, спортски натпревари, а се користат и за потребите на телевизиите кога треба нешто брзо да се сними од високо. Но, овие беспилотни летала се почесто навлегуваат и во приватноста на граѓаните.

Летово во скопската населба Бардовци, дрон снимил гола жена која слободно си шетала во својот двор. Како што посочил нејзиниот сопруг, заради високите температури таа практикувала да шета гола, но не знаела дека над нивниот двор во тоа време ќе лета дрон кој ќе ја сними. Неговиот револт бил толку голем што сакал и физички да се пресмета со сопственикот на леталото, пишува Вечер.

Деновиве дрон е забележан како лета во строгиот центар на Скопје, во висина на канцеларијата на извршниот директор на Телеком. Се реагирало веднаш и по дојавата до надлежните служби, дронот бил приземјен.

Еден од последните вакви случаи предизвикал хаос во дворот на Собранието. Се случило дрон да падне во бетоњерката каде што имало градежни работници. Тие останале обеспаметени, бидејќи не знаеле за што се работи. Беспилотното летало му излегло од контрола на сопственикот, што предизвикало паника и страв во околината на овој стратешки државен објект.

Ова е само дел од ситуациите во кои се нашле некои од нашите сограѓани за што тие се пожалиле до Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ (АЦВ) во чија надлежност е контролата на македонскиот воздушен простор, но и овие летала кои што се движат во просторот без екипаж, а се контролираат од земја.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top