Јавното претпријатие – Македонски железници Tранспорт ќе добие целосно обновување на возниот парк. Според планот ќе бидат набавени вкупно 5 нови возови, 3 дизел и 2 електромоторни возови. Инвестицијата Се реализира проектот вреден е вредна 22 ,5 милиони евра. Во инвестицискиот план се и дополнителни 7 милиони евра за набавка на три електрични локомотиви, кои ќе придонесат за поефикасен траспорт.
-Македонски железници заклучно проектот на Влада, до крајот на годинава најави шест нови возови, од кои четири веќе пристигнаа и се пуштени во сообраќај. Ќе ја заокружиме инвестицијата вредна околу 25 милиони евра со најавата за нови 5 возови за 2017 години, но и дополнителни 7 милиони евра за набавка на три електрични локомотиви, што ќе значи 100 посто обновување на комплетниот патнички сообраќај, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните на Република Македонија, истакна Костов.
Тој додаде дека старите возови се во возна состојба и истите ќе се искористат за сообраќање на кратки релации, а безразлика што железници ќе се поднови со нови возови по европски стандарди цените ќе останат исти.
Обновата на возниот парк на државната фирма започна со потпишувањето на договорот помеѓу македонската влада и кинеската коорпорација ЦСП во 2014 година за набавка на најсовремени гарнитури за патнички возови. Тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека проектот е вреден околу 50 милиони евра.
Од нив 25 милиони за набавка на патнички вагони, 15 милиони за товарни и 10 милиони за рехабилитација на старите гарнитури на возови. Со овој договор се набавија четири дизел-моторни гарнитури и две електро-моторни гарнитури во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“. Новите патнички гарнитури имаат капацитет од околу 1.200 патници, целосно се климатизирани, опремени со вакуум-тоалети, енергетски ефикасни и ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите на превоз на лица со ограничена мобилност.
Според надлежните со овој потек железничкиот сообраќај во земјава свртува нова страница, а граѓаните на земјава ќе добијат поквалитетен и поефикасен превоз со модерни возови. Ваква инвестиција во железничкиот сообраќај немало близу 40 години истакнаа на потпишувањето тогашните ресорни министри.
Сепак, горлив проблем за МЖ е вандалското однесување на дел од патниците кои веќе направија штети во новите возови.
–Новите патнички возови за Македонски железници донесоа многу патници, беше забележано зголемување за 200 посто. Сепак, вандалското однесување направи видиливо оштетување на новите патнички возови. Апелираме за културно однесување кон овие возни средства. Стандардот е исти како оние во Европа, посочи Костов.
Костов двели дека штетата што ја претрпеа македонски железници како резултат на штрајкот на грчките железници и мигрантска криза се изразува во милиони евра.
–Пет милиони евра е огромна штета. Штета што нема да може брзо да се надомести. Сепак, сметам дека во догледен период, со максимално ангажирање, со професиопнално однесување и подигнување на квалитетот на услугите, сигурно овој тежок период ќе го надминеме во најбрзо време. Железници може да се носи со сите овие предизвици, заклучи Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.