| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонското метро со нови возови во 2025 година

0000241936-article2Лондон, дефинитивно, е возбуден за новите возови во метрото. Минатата недела британската престолнина првпат откри како ќе изгледаат новите возови. Тие ќе бидат пуштени во употреба околу 2025 година и ќе донесат големи придобивки за луѓето кои ги користат, пишува „Верге“.

Новиот дизајн на возовите ќе овозможи шетање на патниците по целата нивна должина. Влезовите, пак, се рамномерно распоредени и располагаат со двојни врати, што значи дека луѓето ќе можат да влегуваат и да излегуваат многу побрзо.

Новите возови се пократки, што ги прави пофлексибилни. Така тие можат да запираат поблизу до самата станица за меѓу нив и подот да не се формира дупка.

Возилата располагаат со голем број подобрувања, меѓу кои светилки со ЛЕД на вратите, кои можат да трепкаат во црвено за да ги предупредуваат патниците кога  се затвораат. Сите реклами и знаци на возовите ќе бидат прикажани на дигитални екрани наместо на хартија. Некои од линиите на метрото, кои поминуваат најдлабоко под земјата, првпат ќе имаат клима-уреди.

Во возовите ќе има безжичен интернет. Една од најважните иновации, сепак, е дека возовите ќе бидат без возачи иако се предвидува да има персонал што ќе работи во нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top