„Македонски железници – транспорт“ денеска преку соопштение информира дека вложува максимални напори за нормално одвивање на железничниот сообраќај во услови на екстремно ниски температури.
– Работиме во екстремно тешки услови и се трудиме во границите на нашите можности, а и повеќе од тоа, да го одржиме редовниот железнички сообраќај за разлика од нашите автопатишта и останати сообраќајници во земјава. На вака екстремно ниски температури откажуваат влечните средства, вагоните замрзнуваат, скретниците замрзнуваат, пукаат шини, пукаат цевки, има завеани колосеци, завеани пруги и слично – наведува „Македонски железници – транспорт“.
Оттаму им се извинуваат на патниците и истакнуваат дека прават максимални напори за непречено одвивање на железничкиот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.