Евросонгот и годинешните македонски претставници деновиве се топ тема во твитер заедницата. Од многуте твитови издвоивме неколку:
Гаќи од кристал – почувствувајте се европски и подмачкајте ги неговите фантазии…
Броење на гласови, добро што евросонгов не се одржува во општина Центар
Ако не победиме на Евровизија, тоа ќе биде 7ми пораз по ред на оваа влада.
Во backstage, Есма седи до сите
Да изградиме споменик за секоја земја што ќе ни даде 12 бода на Евровизија
Шо мене не ме пративте со Есма, покрај неа никој немаше да ме заебава!!! – Ѓоко Таневски
Иако прв пат пее на Евровизија очекуваме одлична изведба на Есма, бидејќи е навикната да настапува пред шведска маса
Есма требаше да отиде со пругасти хеланки на Евросонг.
Тоа не се обични гаќички, тоа е светиња!
Гаќите однопаку, кристалите избрусани,сол префрлена преку лево рамо, шамијата врзана во чвор и одиме да ја освоиме Европа
Сценскиот настап на Есма се вика “клекнат тигар прикриен змеј”
Оваа од Естонија настапува трудна. Што требаше ние Есма со сите деца да ја пратиме?
Само Пустец во четврток може у финале да не однесе
Последна информација од Евросонг: Карпош не смее да го даде својот глас за Србија.
Ако Есма ги облече гаќите наопачки за среќа, што треба Лозано да направи за у финале?
Ако победи Есма ќе и направат ли споменик?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.