| четврток, 6 декември 2018 |

Челзи останува на врвот на Европа – за две години два европски трофеи

Лондонскиот клуб со гол во деведесеттата минута победи и ја спаси инвестицијата на Роман Абрамовиќ за 2013 година

Србинот Бранислав Ивановиќ му ја донесе на Челзи победата во продолжението.
Англичаните победија со  2-1 и ја продолжија несреќната традиција на  Бенфика, која повторно и покрај добрата игра не успеа да го освои трофејот во Лига Европа.

На изненадување на многумина мечот  започна  со отворена игра на двете страни. Прва во офанзива отиде  Бенфика но се до поради офсајд поништениот гол на Кардозо во 50 та минута немаше стопроцентни шансии за гол.

Казната за Бенфика стигна во 54 минута кога голманот Чех го проигра Мата, а овој додаде до  Торес кој пред своите чувари Луисао и  Артуро стрелаше за  1-0.

Бенфика изедначи по десет минтуи кога Азпилкуета играше со рака во казнениот простор на Челзи а сигурен од белата точка беше Кардозо.

Откако Лампард  при крајот на мечот ја погоди пречката и сите помислија дека ќе има во продолженија, Ивановиќ со глава даде гол и му донесе нов трофеј на Челзи.

За Бенфика ова беше осмото финале во европските купови по ред кое го загубија. Овој пат во последните минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top