| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден играч ќе ја смени средината ова лето, Санчез одбива да ја продолжи соработката со Арсенал

aleksis-sancez

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез ја одби последната понуда од страна на Арсенал за продолжување на договорот и уште повеќе се оддалечи од идните планови на екипата од Лондон.

Неговиот агент и клубот беа во преговори веќе неколку месеци, но наводно високите барања на фудбалерот беа причината за прекинот на истите. Наводно, Санчез сакал да добие двојна заработка од сегашната, што било неприфатливо за челниците на Арсенал.

Лондонската екипа потпиша со Чилеанецот во 2014 година, а примањата на некои фудбалери во Премиер лигата биле причината за конфликтот помеѓу фудбалерот и клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top