| четврток, 6 декември 2018 |

Се удави жена во Ростуше

Саботата навечер во 23.50 часот во ПО Ростуше Р.Ш. (47) од с. Скудриње, Гостиварско, пријавил дека истиот ден во 21.00 часот неговата сестра Н.Р. (50) починала во несреќен случај.

Имено, неговата мајка М.Р. (70) со неговата сестра Н.Р. излегле од дома и се упатиле кон местото викано Сисвети. При обид да ја поминат реката Н.Р паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала.

М.Р. побарала помош од најблиската куќа, а лицето М.М. (40) со уште две лица ја пронашле Н.Р., која не давала знаци за живот. Ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде што од страна на матичниот лекар била констатирана смрт без видливи знаци за насилство.

По извршениот преглед од страна на вешто лице од судска медицина било констатирано дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар. Со согласност на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top