Зинедин Зидан конечно доби добра вест кога станува збор за повредите на клучните фудалери на Реал Мадрид. Имено, Серхио Рамос ги надминал сите проблеми со повредата на левото колено заработена на 9 октомври и ќе биде подготвен за настап на големото градсо дерби против Атлетико Мадрид што ќе се игра в сабота на „Висенте Калдерон“.
Весникот „Ас“ јавува дека Рамос ја минал рехабилитациската програма и добил зелено светло од лекарите, во следните денови тој ќе тренира под водство на Зидан и речиси сигурно ќе биде во можност да настапи од првата минута против Атлетико. Ова е одлична вест ако се знае дека „кралевите“ не можат да сметаат на Пепе, па со Рамос дефинитивно добиваат и на квалитет и на искуство, покрај Рафаел Варан во срцето на одбраната.
Лука Модриќ се врати од Хрватска и најави дека и тој ќе биде подготвен за настап со Атлетико, но тоа нема да биде случај со неговиот сонародник Ковачиќ, кој се повреди на квалификацискиот дуел со Исланд. Останува дилемата на Зидан кој играч би настапил крај Модриќ во средниот ред, со оглед на фактот дека се повредени и Крос и Каземиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.