Грција и Босна во крајно драматична завршница ги поделија бодовите во Пиреја (1:1), но покрај автоголот кој си го даде несреќниот Карнезис во првиот дел и погодокот на Цавелјас во 95-та минута, овој натпревар ни донесе и една неверојатна сцена која ја изрежира Един Џеко.
На десет минути пред крајот, босанскиот напаѓач одлучи да му ги соблече шорцевите на противничкиот дефанзивец Сократис Папастатопулус, а неговата несекојдневна реакција донесе многу тензија на теренот и картони во различни бои.
Џеко беше „награден“ со втор жолт и автоматски црвен картон од судијата Ериксон, додека во мешаницата доста брутален беше Пападопулос кој доби директен црвен картон за удар на противнички фудбалер.
Во дадената ситуација, жолт картон заработи и Сократис кој беше жртва не крајно необичен зафат, а мора да се напомене дека цел овој хаос на крајот повеќе среќа им донесе на домаќините кои стигнаа до израмнување во 95-та минута од средбата.
Nel frattempo Dzeko.. pic.twitter.com/1NKVLFGbxw
— CALCIATORI BRUTTI (@CB_Ignoranza) November 13, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)