Елена Велевска по теркот на светските ѕвезди реши да направи револуција на македонската фолк естрада. Со проверен тим клучен за успех- Роберт Билбилов, Огнен Неделковски и Љупче Василев.
Македонската фолк дива ќе проба да направи хитови достојни да се рамнат со светските тренд композиции.
„Време е да се мрдне од мртва точка. Јас секако ќе продолжам да снимам и народна музика, но ми фалеа промени и песни кои ќе бидат слушани и по дискотеки. Решив да направам малку поинакви песни, а за тоа го одбрав проверениот тим – Роберт, Огнен и Љупче. Кај Билбилов слушнав три композции кои веднаш ми се допаднаа и посакав да ги снимам. Гледаме како проаѓаат во светски рамки Ера Истрефи, Дуа Липа, Рита Ора, па зошто да не пробам и јас“, вели Елена.
Јас знам дека можам многу повеќе, а тоа ќе се види наскоро. Две години не сакав да снимам ништо додека немам соодветна песна. Сега кога го имам тоа што чекав, време е да се претставиме. И можеш да пишеш дека сакам да се скрасам со епитетот поп дива зашто мојата визија води натаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Елена Велевска изреволтирана реагира на „Инстаграм“: Доста е со глупости!
-
Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?
-
Исказите на Елена се лага, но се уште живееме под ист кров: Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната
-
Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велеска кого таа го обвини за семејно насилство?