| четврток, 6 декември 2018 |

Политика и крв наместо фудбал: Грците и Босанците се провоцираа: „Нож, жица, Сребреница“, „Косово е Србија“, „Македонија, Македонија“

Грција и Босна и Херцеговина одиграа без победник (1:1), а играта на теренот остана во сенка на навивачите нереди кои се случуваа пред и за време на средбата, а ексклузивно за „Спортмедиа“ ги пренесува спортскиот уредник на „Анадолија“ од БиХ, Бакир Тиро

Политика и насилство наместо фудбал. Скандирањето „Македонија, Македонија“ била една од главните провокации на босанските навивачи на гостувањето во Атина, на дуелот против Грција во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Немири пред, но и за време на средбата меѓу навивачите на двата тима ја засени играта на теренот, каде на крајот двата тима се мораа да се задоволат со по еден освоен бод.

161113069-25_xl

Немирите започнале уште пред средбата кога домашни навивачи нападнале дел од фановите на Босна и Херцеговина. Биле повредени тројца од нив. Гостинските навивачи, според информациите на медиумите од БиХ, биле нападнати пред стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја. На двајца од нив им била пружена прва помош на самото место, а третиот со потешки повреди е префрлен во болница. Како што пишува порталот www.klix.ba, Грците најпрво почнале да скандираат „Косово е Србија“, по што тргнале во физичка пресметка со фановите на БиХ.

navivaci-huligani-1

На стадионот Грците скандирале „Нож, жица, Сребреница“, додека навивачите на БиХ знаат дека името „Македонија“ е едно од најболните точки на Грците, па веднаш возвратиле на провокациите.

navivaci-huligani-2

„Нереди имаше и пред, но и за време на мечот. Грчките навивачи скандираа навредливо. На таквите наврени нашите навивачи не можеа да останат рамнодушни и им возвратија со скандирање „Македонија, Македонија“. Малку фалеше да има и поголем инцидент на трибините. Од двете страни имаше фрлање со факели, но за среќа полицијата спречи дополнителни несакани работи“, вели Бакир Тиро, уредникот на спортската рубрика на „Анадолија“, за „Спортмедија“.

navivaci-huligani-1

Веднаш по мечот Тиро објави пост на својата фејсбук страница, што доволно говори за тоа каква била ситуацијата вечерва на стадионот во Атина.

 

Ако ситуацијата на трибините вечерва беше слична како пред четири години, тоа може да се каже и за резултатот на теренот. Тогаш мечот во Атина заврши без победник (0:0), а вечерва Грците се спасија од пораз со гол во 96 минута, кога израмнија на 1:1.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top