| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон најдобро се снајде во хаосот на Интерлагос, борбата за титулата продолжува во последната трка

luis-hamilton

Временските неуслови во Бразил не дозволија трката за Големата Награда на оваа држава да има нормален тек. Ниту бројните излетувања, двата прекини, возење зад возилото за безбедност и обилните врнежи од дожд не му ги оттргнаа мислите на Луис Хамилтон од неговата денешна цел – задржување на позицијата од која започна и намалување на предноста на тимскиот колега во генералниот поредок. Актуелниот шампион успеа во таа намера освојувајќи ја победата на легендарната патека Интерлагос намалувајќи ја предноста во генералниот поредок на 13 бода. Германецот има 367 бода, Хамилтон 355. Нико Розберг ја заврши трката како второпласиран, третото место му припадна на Макс Верстапен.

Роман Грожан излета од патеката уште пред почетокот на трката и смао го најави ужасот што следеше во анредните три часа. Возачите ја стартуваа трката десет минути подоцна од првично предвиденото и тоа зад возилото за безбедност. Мерцедесот се повлече од патеката во седмиот круг, а возачите успеаја да извозат уште само шест кругови пред повторно да излезе возилото за безбедност откако Маркус Ериксон се заби во заштитниот ѕид од страна. Пет кругови подоцна, по новиот рестарт Кими Раиконен на стартно – целната рамнина се изврти и првпат беше подигнато црвено знаме. По 20 минути прекин делегатот за безбедност Чарли Вајтинг дозволи нов старт, но повторно зад возилото за безбедност. Нови осум кругови и нов прекин.

interlagos

По речиси половина час возачите повторно излегоа на патеката. Откако возилото за безбедност се повлече Макс Верстапен го претекна Нико Розберг, но по неколку кругови ризикува и замина во пит-стопот за да ги замени пневматиците. Втората позиција ја загуби оставајќи го Розберг на седум секунди зад лидерот на трката Хамилтон. Триесет и деветтиот круг на трката беше последен за Фелипе Маса кој се изврте и на тој начин се опрости од домашното ГранПри (Маса се пензионира по крајот на сезонава). Возилото за безбедност повторно ги предводеше возачите, овој пат до 55. круг. Во преостанатите 16 кругови немаше промени, барем не на првите три позиции на кои завршија Луис Хамилтон, Нико Розберг и Макс Верстапен.

Борбата за титулата продолжува. Шампионот за 2016 година ќе биде решен на последната трка од овогодишниот календар која е на распоред за две седмици (27. ноември) на Јас Марина во Абу Даби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top