| четврток, 6 декември 2018 |

Сними порно филм со жената на својот најдобар другар, а за тоа доби 31 милион долари (Видео)

Повремениот актер Хулк Хоган (63) се договори со сајтот Gawker.com, кој објави дел од неговиот порно филм, за што како отштета ќе добие дури 31 милион долари!

Да потсетиме, Хоган во 2012 година беше снимен како има секс со сопругата на неговиот најдобар другар, и тоа во нивната куќа. Тој порно филм нешто подоцна се појави на интернет. Во 2013 година, сајтот објави цел исечок од филмот.

Хоган тврдеше дека бил сниман без да знае, и дека со објавувањето на снимката му е повредена честа и му е нанесена голема штета. Тој го тужеше сајтот.

Во март годинава, судот на Флорида му досуди отштета од неверојатни 140 милиони долари!Основачот на Gawker.com немаше што да прави и прогласи банкрот. Тој се жалеше на пресудата, по што следеше ново судење. Овојпат, со спогодба, тужениот и тужителот се договорија за 31 милион долари.

За ситуацијата да биде уште повеќе шокантна, сопругата на најдобриот пријател на Хоган тврдела дека нејзиниот маж барал таа да спие со Хулк, при што тој го снимил сексот и го дал на медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top