| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ му дозволи на Тием да освои сет, а потоа го декласираше

novak-djokovic

Бранителот на завршниот Мастерс, Новак Ѓоковиќ со победа го започна последниот турнир во 2016 година, откако со проблеми во „О2 арената“ во Лондо го совлада Доминик Тием од Австрија со 2-1 (6-7, 6-0, 6-2) во сетови.

Србинот имаше многу проблеми во првиот сет и пропушти неколку шанси да го освои сетот и пред тај-брејкот, но по 22 поени во 13 гем, се радуваше младиот Асвтриец.

Потоа започна егзибицијата на Ѓоковиќ, кој освои седум гема по ред, го освои вториот сет без загубен гем и потоа веднаш го одзеде сервисот на противникот на почетокот на третиот сет. Потоа лесно го приведе сетот и мечот кон крај.

Вечерва во рамките на оваа иста група играат Гаел Минфилс против Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top