Во последната трка од овогодишниот МОТО ГП шампионат, која се возеше на патеката во Валенсија, до победата стигна Хорхе Лоренцо. На втората позиција се пласира новиот шампион Марк Маркез, додека третото место го освои Андреа Јаноне. За Лоренцо воедно денешната победа беше негова последна во тимот на Јамаха, бидејќи од наредната сезона ќе вози во тимот на Дукати.
Хорхе Лоренцо, кој стартуваше од пол-позицијата до победата стигна без многу проблеми, возејќи на лидерската позиција од почеток до крај. Шампионот за оваа година Марк Маркез го освои второто место со заостанување од помалку од две секунди. Главната битка на трката се водеше за третото место помегу Валентино Роси и Андреа Јаноне, кое на крајот му припадна на помладиот Италијанец.
#HastaLaVistaBaby 💨💨💨#JL99 #ValenciaGP https://t.co/TMWoO6Z1LM
— MotoGP™ (@MotoGP) November 13, 2016
Следниот шампионат започнува на 26 март 2017 година, кога се вози трката на патеката во Катар. Потоа следуваат трки во Аргентина и САД, по што тимовите се селат во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.