Земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер кој во неделата го погоди Нов Зеланд, предизвика цунами со бранови високи до два метар, по што е прогласена опасност за населението, соопшти новозеландскиот метеоролошки портал Weather Watch.
Земјотресот со ревидираната магнитуда од 7,9 по Рихтер коусо по полноќ кон понеделникот по локално време, или 11,02, часот по средноевропско време, ја погоди областа 56 километри северно од Амберли и 97 километри северно од градот Крајстчерч, во кој во потресот во февруари 2011 година загинаа 180 луѓе. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, пишува „Макфакс“.
Потоа, истата областа била погодена од уште два помали земјотреса. Најмалку три последователни потреса со интензитет од 6,2, 5,7 и 5,8 по Рихтер го погодиле Јужниот остров на кој се наоѓа Амберли, град со околу две илјади жители.
Мрежната страница GeoNet извести дека земјотресот бил почувствуван во целата земја и го предупреди населението на можно натамошно тресење на почвата.
„Забележани двометарски цунами бранови. Во овој момент тие се многу помали, но сепак уште се многу опасни, Цунами бранови има во Велингтон, Каслпоинт…“, се наведува на сајтот на Weather Watch.
Новозеландското министерство за цивилна заштита и вонредни ситуации (MCDEM) објави опасност од цунами за голем број крајбрежни градови.
Засега нема информации за поголеми разорувања и настрадани, но на интернет се појавија снимки од уривања и други оштетувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)