| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Нов Зеланд (Видео)

Силен земјотрес, со магнитуда од 7.4 степени го погоди Нов Зеланд, на само 95 километри од Кристчрч.

Градот Кристчрч се уште се опоравува од земјотресот што се случи во 2011 година, во кој загинаа 185 лица и кој речиси го уништи градот.

zemjotres-2

Според тамошните медиуми, земјотресот се почувствувал дури до Велингтон, каде се активирале сирените од возилата, а луѓето панично, со солзи во очите бегале и ги напуштале зградите.

_51369389_ring_of_fire

Во септември, земјотрес до јачина од 7.1 степени го погоди североисточниот дел од островот, на 169 километри од Гисборн, што ги принуди надлежните да алармираат на можно цунами. Тогашниот земјотрес предизвика штета на објектите, но немаше повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top