| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио му врати на Хјустон, екипите од Лос Анџелес продолжуваат да нижат победи (видео)

po-gasol

Сан Антонио пред неколку дена претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Хјустон рокетс, но спарси собраа сили за одмазда на синоќешниот меч што го играат во Тексас против истиот ривал, триумфирајќи со 100-106. „Ракетите“ шутнаа дури 47 тројки, притоа погодувајќи 15, но затоа Сан Антонио доминираше во рекетот и на крајот заслужено стигна до победата. Пау Гасол се промовира во еден од новите лидери, шпанскиот ветеран постигна 15 поени, 7 скока, 6 асистенции и две блокади. Најефикасен кај Сан Антонио беше Леонард со 20 поени, а кај Хјустон повторно најдобар беше Џејмс Харден, кој го заврши мечот со 25 поени и 13 асистенции.

Лос Анџелес Клиперс е тимот со најдобар скор на „западот“ на стартот од сезонава, откако триумфот од 105-119 во Минесота беше деветти на десетте досегашни средби на клиперси. Сите членови на стартната петорка имаа двоцифрен ефект, а најефикасни беа Грифин со 20 и 11 скока, Крис Пол постигна 19 поени, додека ДиАндре Џордан исто така стигна до дабл-дабл, 18 поени и 16 скокови.

Лук Волтон како да ги воскресна Лејкерси, кои играат како во транс на стартот на новата сезона. Екипата од Калифорнија славеше на гости кај Њу Орлеанс (99-126) и сега има скор од 6 победи и 4 порази, што е одличен старт во однос на претходните неколку сезони. Џордан Кларксон беше предводник со 23, а Расел заврши со 22 поени. На другата страна иста приказна, Ентони Дејвис постигна 34 пени и 7 скока за 35 минути игра.

НБА резултати:

Мајами – Јута 91-102, Денвер – Детроит 95-106, Торонто – Њујорк 118-107, Индијана – Бостон 99-105, Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 99-126, Атланта – Филаделфија 117-96, Чикаго – Вашингтон 106-95, Хјустон – Сан Антонио 100-106, Минесота – ЛА клиперс 105-119, Милвоки – Мемфис 106-96.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top