| четврток, 6 декември 2018 |

Поразот од Карпош Соколи го чинеше оставка

vlado-scepanovic

Владимир Шчепановиќ повеќе не е тренер на Будуќност откако младиот стручњак реши да си поднесе оставка неполни 24 часа по поразот од Карпош соколи во рамките од АБА-лигата. Ова беше прв пораз на Будуќност по осумте победи во низа во регионалното натпреварување, но ја прели чашата поради слабите резултати во Еврокупот, каде Црногорците се надеваа на добар резултат, но претрпеа четири порази во првите четири кола.

– КК Будуќност Воли ја известува јавноста дека Шчепановиќ поднесе оставка од тренерската функција, преземајќи ја одговорноста за непријатната ситуаација во која клубот се најде. Со жалење ја прифативме неговата оставка, која не го намалува неговиот досегашен придонес и работата во клубот. Беше задоволство да се заработува со Шчепановиќ во изминатите четири месеци и му посакуваме се најдобро при следните тренерски ангажмани – се вели во соопштението на КК Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top