| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон конечно се огласи, еве кого обвинува за изборниот пораз

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, за неочекуваниот пораз на 8 ноември го обвинува директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

На само десет дена пред гласањето Коми соопшти дека покренал нова истрага околу користењето на приватниот сервер на Клинтон за испраќање и примање службени мејлови, иако во јули ФБИ и Коми објавија дека запираат секаква натамошна истрага, затоа што не било сторено никакво кривично дело.

Хилари Клинтон, на затворена конференција, зборувала со главните донатори на Демократската партија, од каде некои делови „претекле„ во американските медиуми.

На 6 ноември, на само два дена пред гласањето, директорот Коми одново се појави со соопштение во кое објави дека ФБИ останува на првичната одлука- дека нема криично дело- и дека постапката околу мејловите, се затвора.

-Постојат повеќе причини изборите, какви што беа овие, да бидат неуспешни, но нашата анализа покажа дека писмото на Коми до Конгресот, околу новата истрага, покренаа дилеми и сомнежи дека нешто сепак има, им кажала Клинтон на донаторите, објаснувајќи дека во истиот момент се растурила дотогашната позиција и сигурно водство на демократскиот кандидат.

Според Клинтон , соопштението за нова истрага, ги покрена подржувачите на Доналд Трамп, пак да го отворат еднаш веќе затворениот случај, што уште повеќе се засили со подоцнежното соопштение од директорот на ФБИ дека нема никаква вина.

Проценката на Демократската партија е дека второто соопштение, оти нема вина, во јавноста, а посебно кај подржувачите на Трамп било примено како потврда на неговото обвинување од летоска, дека „сегашниот систам во САД ја штити Хилари Клинтон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top