| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија со помош на Велковски има минимално водство на полувремето (видео)

spanija

Репрезентацијата на Шпанија има водство од 1-0 на полувремето од квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 кој се игра на стадионот „Нуево Лос Карменес“ во Гранада, благодарение на автоголот на Дарко Велковски во 34. минута, кој по една неспретна реакција во судир со Стефан Ристевски ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.

Македонија можеше да поведе против фаворизираната Шпанија уште во 5. минута, но Велковски не успеа да го совлада Де Хеа од непосредна близина. По ударот на Спировски, на одбиената топка пред голот на домаќините налета дебитантот од младинската репрезентација и биеше со глава, но само во шпанскиот голман.

Во првите 45 минути освен теренската надмоќ на средината на теренот што ја има големиот фаворит, Македонија создаде неколку шанси за обид за гол. Да се надевеме дека во второто полувреме избраниците на Ангеловски ќе ги повторат игрите од првите три средби во кои бевме далеку подобри од противниците, но за жал без поголем успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top