| четврток, 6 декември 2018 |

Висок функционер на СДСМ направи сообраќајна несреќа, партиски активисти и полицијата попречуваа и малтретираа снимател на „ТВ Сител“

Високиот функционер на СДСМ Мила Царовска дивеела низ скопските улици и направила сообраќајна несреќа, велат очевидци за Сител кои вчера по полноќ јавија во нашата редакција.

-Екипа на Сител веднаш излезе на терен но наместо простор професионално да си ја завршиме работата бевме попречени од група граѓани кои по сообраќајката веднаш пристигнале на местото каде што сеуште стоеше атомобилот на функционерката на СДСМ, објави телевизијата.

carovska-21-670x377

Малку подоцна на местото пристигна и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, по што дежурниот полициски службеник на нашиот снимател му забрани да снима, и се обиде да му го одземе снимениот матерјал. Откако снимателот одбил да му ги предаде снимките полицаецот го привел и му забранил да го напушти местото на настанот.

Ова не е првпат насилници да се обидат физички да се пресметуваат со новинари и сниматели на Сител, но првпат се случува полициски службеници да ја попречуваат нашата работа.

Ваквото однесување на полицијата доаѓа откако Оливер Спасовски ја презема функцијата министер во полицијата. Јавно го прашуваме Спасовски дали интервенцијата на полицијата врз нашата екипа беше со цел да се сокрие од граѓаните дека високиот функционер на СДСМ учествувал во сообраќајна несреќа. Дополнителен сомнеж дава фактот дека за случајот денеска нема ниту еден збор во полицискиот билтен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top