–Не треба ништо да кажеме, знаеме што и е на плеќи на Македонија. Знаеме што е влогот, знеме кој е ударот. Но, ние немаме немера да седиме со скрстени раце доколку некој сака да ја редефинира Македонија. Излегуваме! Ова е битка за Македонија! Тргнуваме, ајде браќа и сестри. Еве го 11 декември, едно избирачко место немаме намера да им препуштиме. Станува збор за Македонија, рече Ѓорчев.
Имаме важна задача на 11 декември, додаде тој, кога ќе ги преброиме гласовите, тогаш ќе речеме Никола Груевски е повторно премиер на Македонија.
–Го клеветеа го напаѓаа, но остана на нозе. Го имаме најквалитетниот кандидат за премиер. Груевски или Заев- тоа е изборот. Изборот е јасен. Македонија порачува Никола Груевски за премиер, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 62 пратеници.
Ѓорчев потенцираше дека ќе бидат посетени сите градови, населени места и села во западна Македонија.
–Ние во 6-та изборна единица ќе одиме во сите населени места и градови и ќе порачаме: Западниот дел на Македонија цврсто стои на унитарноста на државата, го браниме уставниот поредок. Изборот е унитарност и уставен поредок или двојазичност и федерализација. Во таа дилема, изборот за Македонија се знае кој е! Ова е битка за Македонија, за државата се работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)