| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се во очај и полни со омраза и гнев – ќе се координираат со нивното СЈО и криминално-разузнавачкото подземје

Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје, рече Груевски

СДСМ се во очај и полни со омраза и гнев. Од друга страна имаат обврски кон некои кои ги помагаат и ќе мора да исполнуваат работи кои ќе бидат побарани од нив. Тие ќе продолжат со две работи, а ние со една. Звучи многу едноставно. Јас мислам и дека е всушност сосема едноставно како што е едноставен и јасен изборот и одлуките кои треба да се донесат на овие избори – изјави Никола Груевски на Конвенцијата на Коалцијата за подобра Макеоднија.

– Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје – рече Греувски.

Според првиот човек на ВМРО ДПМНЕ во исто време Заев ќе оди низ Македонија онака благо поднасмеан и ќе нуди невозможни работи, високи плати, тринаести плати, гасовод по теркот во Струмица и Куманово кој практично и не е гасовод, ќе враќале 15% ДДВ на граѓаните, или па оној проект без никакво објаснување дека семејствата ќе имале поголем буџет, работи кои никогаш не може да ги испорача, без да каже како ќе го направи тоа

– Знаете онака ќе си каже нешто и кој му поверува добро, кој не ќе проба со нешто друго да го прелаже, и тоа за него е наједноставниот пат, зашто за тој човек зборот нема вредност, и тој многу добро знае дека утре нема да мора да го исполнува зборот зашто е свесен дека ќе изгуби, но си вика да пробам вака да ќарам некој глас, се сеќавате на она со на Мирчо Свињарнико и едното евро за вицето, тоа е отприлика концептот на даден збор кај него.

Едната работа која ние ќе ја правиме е презентирање на нашата програма и реална понуда, и она што ние по изборите како Влада реално ќе го направиме.  Тоа е најобемната политичка програма досега, и во неа има прецизно и темелно објаснето што како и во кој рок ќе се прави.

Ние ќе го правиме тоа. Тие нека се занимаваат со деструкција ние ќе кажуваме што ќе создаваме, градиме, правиме за граѓаните на оваа земја, за нашиот народ – изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top