| четврток, 6 декември 2018 |

Важно да е Американец: Косово брзо ја преболе Хилари и се сврте кон Трамп

Не треба да се заборави дека Албанците имаат лобистички групи и во редовите на републиканците, а не само кај демократите, вели тој и додава дека е илузија дека некој во Америка сега ќе дозволи поделба на Косово, вели аналитичар за Блиц

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД најверојатно ништо нема да промени кога станува збор за односот помеѓу Србија и Косово, иако очекувањата на граѓаните на Србија се во таа насока, пишува Блиц.

Од друга страна, албанските политичари не се трудеа премногу да го сокријат разочарувањето поради ваквиот исход на американските избори. Сепак, се надеваат дека Америка ќе истане на истиот курс како и досега, со оглед на тоа што се што денес се случува на Косово е благодарение на САД.

Искрени зборови на жалење можеа да се слушнат од албанскиот премиер Еди Рама, кој рече дека “големата пријателка на Албанија, Косово и сите Албанци Хилари Клинтон не победи на изборите”. Косовскиот претседател Хашим Тачи му честиташе на Доналд Трамп со надеж дека “константното пријателство помеѓу САД и Косово е основа за продлабочување на односите”.

-Не е вистина дека тажно реагираа, но вистина е дека албанскиот народ на Косово е многу повеќе емоционално приврзан со семејството Клинтон. Волјата на американскиот народ мора да се почитува сеедно дали тоа некому му се допаѓа, вели за Блиц Фатмир Шехоли, политички аналитичар од Приштина.

Кога станува збор за надворешната политика на САД тој смета дека според досегашната практика на неменување на односот кон сојузниците и понатаму нема да има промени. Шехоли вели дека е важно дијалогот помеѓу Белград и Приштина во Брисел да продолжи и сите граѓани да имаат подобар живот, што е задача на владите во Белград и Приштина.

-Не треба ни Албанците од Косово да тагуваат што Хилари Клинтон загуби, ниту Србите во Србија да се радуваат што победи Доналд Трамп. Најважно е со заедничКи проекти да победи развојот на Балканот а со тоа ќе победиме сите ние кои живееме во регионот, додава тој за весникот.

Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи исто така смета дека не е толку важно кој победи на изборите во САД во однос на политиките на Балканот.

-Не треба да се заборави дека Албанците имаат лобистички групи и во редовите на републиканците, а не само кај демократите, вели тој и додава дека е илузија дека некој во Америка сега ќе дозволи поделба на Косово.

Јањиќ евентуално очекува поголеми притисокци врз Србија по прашањето за Република Српска и БиХ.

-Србија мора бргу да одлучи каде и е местото во приказната за ЕУ. Од друга страна, ако сака безрезервна помош од Америка, мора да го забрза патот кон НАТО, вели тој.

Дека во американската надворешна политика не треба да се очекува ништо спектакуларно неколкупати рече американскиот амбасадор во Србија Кајл Скот, кој рече дека американската надворешна политика се заснова врз национални интереси и не се очекува тие лесно да се променат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top