Новите германски правила и казни би можеле да бидат кобни за боксерот Феликс Штурм, кој би можел да добие казна од три години затвор.
Тој падна на вториот примерок за „станазол“, истата супстанца поради која Аријан Адеми доби забрана од четири години. Новиот германски закон вели дека судијата може да му изрече казна до 10 години на секој спортист кој ќе биде позитивен на оваа супстанца.
Штурм е еден од најуникатните боксери во германската историја, освојувајќи титули во пет различни периоди во својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.