На прес-конференцијата на нашата селекција на стадионот Лос Карменес беше забележан игнорантски и некоректен однос на шпанските новинари кои го реметеа излагањето на селекторот Ангеловски со гласен разговор. Тоа беше причина нашиот кормилар да побара коректност од шпанските новинари, а подоцна реагираше и портпаролот на ФФМ Златко Андоновски кој рече дека не приличи една ваква велесила како што е Шпанија да има некоректен однос кон нашиот национален тим.
По прес-конференцијата Андоновски рече дека имало и други провокации, но и дека добиле официјално извинување од шпанската федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“