Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тргна по Зоран Заев. Бидејќи опозицискиот лидер, константно бега од изборен дуел Груевски на овие избори ќе ја бара довербата во четвртата изборна единица, пренесуваат партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ.
Првата изборна единица на најголемата предизборна коалиција досега ќе ја предводи Никола Попоски. Во двојка, прв на листата ќе биде Никола Тодоров, а Димовски ќе ја води третата изборна единица. Во петката традиционално, останува Антонио Милошоски, додека во шестката носител на листа ќе биде Влатко Ѓорчев.
Листите во овој момент треба и официјално да ги потврди Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ откако претходно биле усвоени од Извршниот комитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата