Партијата „Левица“ вечерва до Државната изборна комисија ги достави кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
„Левица„ настапува со кандидати за пратеници во пет изборни единици.
– Првпат една автентична левичарска партија која се гради од долу нагоре успеа да се кандидира самостојно на избори, изјавија од „Левица“ по поднесувањето на листите.
Во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.