| четврток, 6 декември 2018 |

Се формираа коалицииите- ВМРО-ДПМНЕ со свеченост, СДСМ кришум

Разноликост во составот е главната карактеристика на двете коалиции, и онаа на СДСМ и онаа на ВМРО-­ДПМНЕ, со кои ќе освојуваат гласови на  прeстојните парламентарни избори.

sdsm-noknaОткако СДСМ одлучи доцна синоќа  без  присуство  на  медиуми да ја  формира коалицијата,  најголемите реакции се појавија  на социјалните  мрежи.За дел од познавачите несфатливо беше зошто Српската народна странка на Драгиша Милетиќ е во левичарската коалиција. Тоа што токму оваа партија му го позајми печатот на Стевче Јакимовски за да се кандидира на локалните избори и ја изневери СДСМ, сега тоа не му пречи на Зоран Заев.

Поранешната пратеничка на СДСМ Весна Бендевска на својот Фејсбук профил напиша „СДСМ потпиша коалиција со Драгиша Милетиќ, со човекот кој му го продаде печатот на Стевчо за да се сруши отпорот кон режимот на Груевски“.

screenshot-5
Ана Павловска Данева јавно се огради од одликата на Заев и повторно преку фејсбук порача „Сакам јавно да се оградам од одлуката на претседателот Зоран Заев за коалицирање со Драгиша Милетиќ, за која не се консултирани ниту Извршниот, ниту Централниот одбор на СДСМ. Ова е премногу за да се одмолчи!“.

kolaicija-jpeg5_-640x267За разлика од СДСМ, ВМРО­-ДПМНЕ ја промовираше коалицијата „За подобра Македонија“  со свеченост. На неа 25 претседатели на партии  го ставија својот потпис дека ќе се борат за  интересите на Македонија. Партиите дел од коалицијата „За подобра Македонија“, ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

kolaicija-jpeg1_-640x375Груевски во кусиот говор истакна дека заедно ќе се борат за унапредување на економијата, влез  во ЕУ и НАТО и подобрување  на судскиот систем.

Двете најголеми албански  на изборите одат сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top