Трговците сметаат дека потрошувачите често неосновано и беспредметно се жалат за сервисирањето на производите, па бараат законски кроекции за точно да се утврдат правата и обврските. Производот со дефект купувачите да не го носат самите во овластениот сервис иако имаат документ за тоа, туку да го вратат во продавницата, а овластениот сервисер да го бираат самите меѓу неколку понудени. Целата оваа постапка да биде евидентирана во книга што ќе ја пополнуваат и трговците и сервисерите.
Вака, според оценктие на трговците ќе се решат проблемите со сервисирањето на стоката, на што, според нивната оценка, потрошувачите често неосновано и беспредметно се жалат. Нивен предлог е сево ова да влезе во Законот за заштита на потрошувачите преку негови измени и дополнувања, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија на средба со претставници на Министерството за економија и на Организацијата на потрошувачите на Македонија, исто така, предлага и изработка на Кодекс за однесување на сервисерите, како форма на почитување на непишаните правила во бизнисот, пишува Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Електричните уреди се програмирани да покажат дефект веднаш по истекот на гаранцијата
-
Кривичниот суд појасни: Нема да одлучуваме за притвор на Кочан, само за гаранцијата!
-
БЕГ со сервис за брз и едноставен пристап до сите информации и услуги
-
„Фолксваген“ ги прекршил правата на потрошувачите во 20 земји-членки на ЕУ