Пејачката Јелена Карлеуша, која на колешката Дијана Јанковиќ и должи четири милиони денари, по одлука на судот, цврсто решила да не и даде ниту динар.
Јелена се досетила како да ја измами полицијата и судските извршители кои дошле во нејзиниот дом да ги попишат работите поради долг кон колешката Дијана Јанковиќ Роквиќ за повреда на угледот и честа.
Пејачаката ги изнела скоро сите вредности кои влегуваат во предмет на извршување и наплата на долг. Како што тврдат изврои, по совет на адвокатот, неколку дена пред извршителите да влезат во нејзиниот дом, ги изнела сите вредни работи кои би можеле да и бидат одземени.
-Јавниот извршител во присуство на полиција, адвокатот на Јелена Карлеуша влезе во станот заради попис и проценка на движните работи. Во станот е исклучена струјата, така што постапката морала да се направи со батериска ламба – рекол адвокатот на Дијана Јанковиќ.
Во станот во кој живее Карлеуша најдени се работи од домаќинство кои имаат мала вредност, недоволна да се стават на јавна продажба со оглед на висината на долгот на Јелена. Адвокатот на Јелена рекол дека се што има во станот, како и самиот стан се во сопственост на сопругот на Јелена, што практично значи дека таа не поседева ништо вредно со кое би можел да се покрие долгот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.