| четврток, 6 декември 2018 |

Еве како Хилари ја лечи тагата по изборниот пораз!

%d1%85%d0%b8%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8

Откако ја изгуби претседателската трка, Хилари Клинтон се сврте кон природата.

Таа и нејзиниот сопруг Бил за време на една прошетка наишле на жена и нејзината ќерка, а Хилари со задоволство прифатила да се фотографира со нив.

Ова е прва фотографија на Хилари Клинтон во јавноста после изборниот пораз.

Како што вели Маргот Герстер, жената која се фотографирала со Хилари, таа е многу љубезна и ја прегрнала.

Маргот објавила фотографија, а на неа освен Хилари се и ќерката на Маргот, Фиби и нивното куче Пајпер. Ги фотографирал Бил Клинтон, поранешниот претседател на САД.

Герстерова имала можност и да позборува со Хилари и и кажала дека гласала за неа, а како и тоа дека сакала да ја прегрне после изборите.

%d1%85%d0%b8%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b82

Фотографијата ја објавила на социјалните мрежи, за да, како што вели, ја врати насмевката на лицата на луѓето, после избортите на кои победи Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top