Вечерва, 11 ноември во кино „Миленум“ ќе се прикаже победникот од Филмскиот фестивал во Кан, „Јас, Даниел Блејк“, на британскиот режисер Кен Лоуч на вториот ден од Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“.
Во Скопје денеска доаѓа и романскиот режисер Кристи Пују да го претстави својот последен филм „Сиера Невада“ кој е копродукција меѓу Романија, Франција, БиХ, Хрватска и Македонија. Филмот е инаку и романски кандидат за Оскар.
В сабота, 12.ноември во Скопје доаѓа и словенечкиот режисер Дамијан Козоле за промоција на неговиот филм „Ноќен живот“ кој исто така е и македонска копродукција, а во филмот меѓу другите игра и нашиот Петар Арсовски.
Викендов меѓу останатото ќе може да ги погледнете и најновите филмови на Џим Џармуш- „Петерсон“ и на Вим Вендерс – „Убавите денови во Аранхуез“, како и филмот „Матура“ за кој романскиот режисер Кристијан Мунџиу годинава во Кан ја доби наградата за најдобра режија.
На програмата се и повеќе филмови од официјалната селекција, СинеБалкан, музички докуметарци, ревијата филмови на Орсон Велс и детски филмови, а секоја вечер во МКЦ има и музички перформанси.
Вечерва ќе има специјален аудио – визуелен перформанс „Cineskapes”, во сабота (12.11.16) Anthony Rother, легенда на светската електронска сцена, а во недела (13.11.16) Давид Ангеловски Пиколомини, човекот кој стоу зад прекрасни изданија на македонската современа музичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)