| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос: Полицаец излетал од патот, возилото се запалило, а куршуми „летале“ на сите страни(ФОТО)

Службениот автмобил на 23-годишен полицаец утрово излетал од патот по што се запалил, а огнот ги активирал куршумите од неговиот пиштол. Сообраќајката се случила околу 7.30 часот во близина на Вараждин, Хрватска. Како што јавуваат хрватските медиуми, несреќниот полицаец, најверојатно, заспал во автомобилот додека се враќал од работа, по што излетал од патот.

p

Од ударот неговото возило се запалило, а оганот ги активирал куршумите од службениот пиштол. Тие почнале да пукаат на сите страни, а малку фалело да биде погоден некој од пожарникарите кои во тој момент интервенирале и го гаснеле пожарот. Возачот со повреди е префрлен во болницата во Вараждин, но неговата состојба не е позната.

p2 p3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top