| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците не се грдото лице на Македонија

Македонците што си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија. Македонците што не прифаќаат промена на Уставот и кои се противат на воведувањето на двојазичност на целата територија не се грдото лице на Македонија. Македонците што не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Aеродром, Карпош, Центар и во другите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија, рече денескана прес-конференција градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески, како реакција на изнавите на Зоран Заев дадени во интервју дека ќе го промени и уставот ако треба за да се регулира двојазичноста, па албанскииот јазик ќе може официјално да го употребуваат и малите проценти на Албанци во Берово, Пробиштип, Прилеп и другите градови каде процентот на Албанци е помалку од два процента. А сите Македонци што не се согласуваат со ова само го покажуваат „грдото лице на Македонија“, кое Заев планира да го промени.

-Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија. Грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци. Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување на 63 пратеници најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување на двојазичноста на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување на 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија нема да се редефинира – порача Конески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top