До селата селата Оровник, Мешеишта и Климештани во општина Дебарца ќе се изградат неколку алтернативни патишта кои ќе поминуваат покрај автопатот Кичево- Охрид, беше договорено на средбата со преставници од овие населени места со директорот на ЈП за државни патишта, Александар Стојанов, стручните служби од ова државно претпријатие како и надзорните органи кои ја мониторираат изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.
-Ова беше и главно барање на жителите од овие населени места се со цел да им се овозмози пристап до обработливите површини и новиот автопат. Изградбата на овие алтернативни патишта ќе се одвиваат истовремено со градбата на автопатот, појасни директорот Стојанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.