| четврток, 6 декември 2018 |

Членството незадоволно, спас се бара кај специјалните: Дали СДСМ преку Ленче најавува нови aктивности на СЈО?

Ескалира состојбата во опозицијата. Расправиите што почнаа по формирањето на кандидатските листи се вжештија откако Заев ја формираше коалицијата. Високи функционери и пратеници го обвинија дека ја приватизирал партијата и донесувал непринципиелни одлуки без консултација со раководните тела.

Соочени со страшен пораз, кој не само што е на повидок, туку станува се пореален и пореален со секој нов политички потег на Заев и коалицијата, сегашните и поранешни пратеници на СДСМ се расеани, уплашени и крајно нервозни.

По исклучително бурните реакции од страна на функционерите и членовите на СДСМ за договорот меѓу Заев и Драгиша Милетиќ за коалиција, поранешната пратеничка Ленче Николовска, очигледно, во состојба на врвна паника синоќа, без ниту еден милиграм срам, јавно адресираше уште една нарачка на СДСМ до СЈО.

lence-fb-640x389

СДСМ го гледа СЈО како единствен спас од кашата во која самиот се донесе. Јавна тајна е дека СЈО работи во координација и по нарачки на СДСМ, меѓутоа ова е за првпат едно високо официјално лице на партија јавно на „Фејсбук“, без нималку срам, да упатува нарачки до СЈО со една од нивните празни прес-конференции да се обидат да ја дефокусираат јавноста од внатрешните проблеми на опозицијата.

Ленче Николовска не е првиот опозиционер што без срам и перде упатувал нарачки до СЈО. Нејзиниот лидер Зоран Заев на собирот во Капиштец пред повеќе месеци јавно ги најавуваше притворите кои СЈО ќе ги бара за функционери на ВМРО-ДПМНЕ, уште тогаш давајќи јавни сигнали за координираноста меѓу СДСМ и СЈО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top