| четврток, 6 декември 2018 |

На ист ден, од исто место: Прво исчезнало девојче, по неколку месеци и нејзиниот брат

Вчера во полициската станица во Центар, од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа доставено е писмено известување, пријава, дека од 26 мај годинава од ул. „Васил Главинов“ во Скопје, односно од бул. „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје, исчезнато е петнаесетгодишно девојче. На 26 септември, пак, од истата локација исчезнал нејзиниот седумнаесетгодишен брат.

Нивната баба П.Е. од Скопје и нивната тетка Ж.Н. во ЈУ-МЦСР  појасниле дека од причина што не биле старатели на малолетните деца не можеле да ги пријават за исчезнати, додека, пак, нивната мајка К.Е. (37) од Скопје од 2011 година била замината во Египет и од тогаш воопшто не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top