| четврток, 6 декември 2018 |

Непознат маж пронајден мртов во Клиничкиот центар во Тетово

Вчеравечер во 23.40 часот во амбулантата на интерно одделение Тетово, од страна на вработен во централа при Клинички центар Тетово, било пронајдено починато непознато машко лице. При извршен преглед над телото на починатиот, од надворешна страна била забележана крв во пределот на носот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top