| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот клинички центар се сели локациски – наместо во Бардовци на влез во Скопје

Се исцртува конечната локација на новиот долгоочекуван клинички центар. Пациентите ќе се упатуваат на влезот на Скопје пред населбата Ѓорче Петров. Тука е предвидена нова парцела во државна сопственост на која ќе се гради современиот медицински комплекс.

Извори од министерството за здравство за ТВ Телма ексклузивно откриваат каде се размислува да започне изградбата на клиничкиот центар. Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари. Токму пространата парцела и добрата сообраќајна конекција во близина на самата обиколница ја прават оваа локација поволна за идното решение за државните клиники.

Првото поместување на новиот клинички центар од сегашниот комплекс со одлука на министерот Венко Филипче беше поради густината на сообраќајот на улиците Водњанска и Мајка Тереза. Дополнителен прилив на пациенти тука е проблематичен, а исто така и предвидената локација имаше простор од само дваесетина хектари.

Повеќе прочитајте на линкот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top